Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2018

Сампаоли: Ќе ја победиме Нигерија

Селекторот на аргентинската репрезентација Хорхе Сампаоли прими многу критики поради неочекувано лошите игри на Светското првенство во Русија.

Аргентина ремизираше со Исланд, а Хрватска ѝ одржа вистински час и славеше со 3-0, па до пласман во осминафиналето ги води само победа против Нигерија.
Аргентинските медиуми пишуваа дека некои од поискусните репрезентативци се незадоволни од методите на Сампаоли, но тој ги демантираше тие тврдења:
„Ова беше многу болна и тешка недела за сите нас и пред последниот натпревар немаме сигурен пласман во елиминациската фаза. Што се однесува до така наречената непријатна ситуација во соблекувалната, можам со сигурност да кажам дека тоа е измислица“, изјави Сампаоли.
„По натпреварот ја прифатив целосната одговорност за поразот. Ден потоа размислував само за победа. Убеден сум во наша победа и во тоа дека ќе одиграме енергично. Целосно сум сигурен дека ова ќе биде нова страница во историјата на нашата репрезентација“, додаде аргентинскиот стручњак.
Сампаоли во тренерската кариера водеше бројни клубови во Јужна Америка, а се прослави како тренер на Университад де Чиле од Сантијаго и како селектор на Чиле кого го водеше од 2012 до 2016 година.
Во сезоната 2016/17 беше тренер на Севилја, а Аргентина ја презема во мај 2017 година и со многу маки обезбеди пласман на Светското првенство.

Најнови вести