Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2018

Дешамп: Мораме да го маркираме Меси

Селекторот на Франција Дидие Дешамп пред осминафиналето против Аргентина изјави дека Лионел Меси и покрај неубедливата игра е најголема зкана за неговата репрезентација.

Франција и Аргентина во 16 часот во Казањ ќе играат за четвртфиналето на Мундијалот.
Колку може да постигне раштимуваната аргентинска репрезентација и понатаму не е познато, но селекторот на Французите со причина најмногу стравува од Меси.
„Меси е Меси, погледнете ја неговата статистика за Аргентина – 65 голови на 127 натпревари. Мораме да го маркираме и неутрализираме затоа што со многу малку потези може да направи голема разлика“, изјави Дешамп.
Французите на овој натпревар се надеваат на дефанзивците од шпанската Примера Семјуел Умтити, Лукас Хернандес и Рафаел Варан кои многу добро го познаваат Аргентинецот.
„Се надевам дека после мечот ќе можам да кажам дека тоа било важно. Не сум сигурен дека е предност, но сигурно не е хендикеп. Ако некој веќе играл против него знае што тој може да повтори“, додаде францускиот селектор.
Франција ја победила Аргентина два пати досега и тоа на пријателски натпревари. Три пати одиграле нерешено, а седум пати славеле јужноамериканците. На Мундијалите се сретнале двапати, во 1938 година Аргентина победила со 1-0 и во 1978 исто така славела со 2-1.

Најнови вести