Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2018

Меси во историјата на Мундијалите, го надмина и Марадона

Лионел Меси симна голем терет со пласманот на Аргентина во осминафиналето на Светското првенство, а попат постави и два рекорди на турнирот.

Меси го постигна првиот гол против Нигерија во 14-тата минута кога прими една долга топка и во свој стил го совлада нигерискиот гол.
Со вој гол напаѓачот на „гаучосите“ стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал гол на Светските првенство во тинејџерските години, а потоа и во третата и четвртата деценија од животот.
Покрај тоа Меси е фудбалер со најмногу дриблинзи во историјата на СП откако се води таа статистика од 1996 година.
Досега има 107 дриблинзи, два повеќе од легендарниот Диего Армандо Марадона.
„Бог беше со нас, знаев дека нема да нè остави. Бевме уверени дека ќе победиме. Најубави се овие победи, мислам дека заслуживме да славиме. Навивачите кои дојдоа во Русија, сите во Аргентина, сите се со нас, минуваат со нас низ тешките и убавите моменти. Нека знаат, дресот на националниот тим е над сè“, изјави Меси по победата над Нигерија и пласманот во осминафиналето.
Аргентина во осминафиналето во сабота од 16 часот ќе игра против Франција.

Најнови вести