Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2018

Хрватите максимални, Аргентина со маки против Нигерија

Хрватската репрезентација славеше против Исланд со 2-1, а со истиот резултат Аргентина ја совлада Нигерија за пласман во осминафиналето.

Хрватска по второто коло единствена од групата Д го осигури пласманот во нокаут фазата на Мундијалот, па мечот со Исланд немаше резултатско значење за тимот на Златко Далиќ.
Првото полувреме заврши без голови со подобра игра на „коцкестите“, а во 53-тата минута Милан Бадељ ја доведе Хрватска во водство.
Во продолжението Исланд заигра поагресивно и израмнувањето стигна преку сигурно изведениот пенал на Гилфи Сигурдсон во 76-тата минута.
До крајот на натпреварот Исланд имаше уште неколку шанси да дојде до водство, особено кога Нигерија уште имаше реми со Аргентина.
Сепак, сите шанси за Исланѓаните паднаа во вода кога Рохо на четири минути до крајот го постигна вториот гол и ѝ донесе предност на Аргентина, а сите неизвесности во групата беа решени со вториот гол на Хрватска кој го постигна Перишиќ во 90-тата минута.
Хрватска заедно со Уругвај се единствените репрезентации досега со 100% учинок, а во осминафиналето ќе се сретнат со Данска.

Најнови вести