Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2018

Сампаоли го прашал Меси дали може да влезе Агуеро!

Селекторот на Аргентина Хорхе Сампаоли во финишот на натпреварот од последното коло против Нигерија го консултирал Меси дали во игра може да влезе Серхио Агуеро!

Според аргентинскиот весник „Оле“ Сампаоли при резултат 1-1 сакај да го засили нападот со напаѓачот на Манчестер сити, но пред да ја донесе конечната одлука се консултирал со Меси дали може да го направи тоа.
Аргентина со голот на Маркос Рохо ја победи Нигерија со 2-1 и се пласираше во осминафиналето.
Претходните денови аргентинските медиуми пишуваа дека репрезентативците на Аргентина самостојно ќе го одберат тимот за натпреварот со Нигерија.

Најнови вести