Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Бабунски останува во Јапонија, ќе игра во втората лига

Омија ќе биде новиот тим на нашиот млад репрезентативец

Членот на младата фудбалска репрезентација која учествуваше на ЕП во Полска, Давид Бабунски, кариерата ја продолжува во Јапонија, односно во редовите на второлигашот Омија. Бабунски летово замина од екипата на Јокохама маринос, а сега потпиша договор кој ќе важи до 2020 година.

Омија се наоѓа на петтото место на табелата во јапонската втора лига со 47 бодови по 29 натпревари и има амбиции за влез во највисоко рангираниот шампионат во Јапонија.

Бабунски кариерата ја градеше во академијата на Барселона, заигра и за Б тимот на Kаталонците, потоа една година го носеше дресот на Црвена звезда, пред да се пресели во азиската земја.

Најнови вести