Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2012

Бонучи и официјално обвинет

Фудбалскиот сојуз на Италија и официјално го обвини Леонардо Бонучи, репрезентативецот на „аѕурите“ и член на Јувентус, за местење натпревари.

Во обвинението што го составија инспекторите на Сојузот се наведува дека Бонучи учествувал во сомнителни активности додека играше за Бари во сезоната 2009/10.

За местење натпревари обвинет е и Андреа Масјело, кој сега е член на Аталанта од Бергамо.

Масјело минатиот месец призна дека во сезоната 2010/11 намерно постигнал автогол во натпреварот меѓу Бари и Лече (0-2).

Симоне Пепе, соиграчот на Бонучи од Јувентус, ќе одговара за тоа што на истражните органи одбил да им ги достави своите сознанија за местењето натпревари додека играше за Удинезе од 2007 до 2010 година.

За таа работа Фудбалскиот сојуз го обвини и некогашниот репрезентативец на Италија Марко ди Вајо, кој моментно игра во канадскиот Монтреал.

Најнови вести