24.11.2011 Баричело се простува од Формула 1?
На триесет и деветгодишниот Рубенс Баричело претстојната Голема награда на Бразил би можела да му биде и последна во кариерата.
Баричело сериозно размислува да се пензионира, а подобра шанса од опростување
со најбрзиот циркус на светот пред своите навивачи, веројатно, нема.
Бразилецот веќе деветнаесет години е дел од Формула 1, а учествуваше на 325
трки и единаесет пати се искачи на највисокото место на пиедесталот.
На неговото место во Вилијамс би можеле да дојдат Раиконен, Ботас или Зутил.