02.5.2012 Дортмунд го продаде Бариос за 12 милиони евра во Кина
Лукас Бариос, дваесет и осумгодишниот репрезентативец на Парагвај, по три години минати во Борусија Дортмунд, го напушта клубот и заминува во кинескиот Гуангжу.
Со клубот од кинеската Суперлига напаѓачот потпишал четиригодишен договор, а Гуангжу на германскиот шампион ќе му исплати сума од 12 милиони евра.
„Лукас со нас освои две титули шампион на Германија, а во осумдесет и двата настапи постигна триесет и девет голови. Му излеговме во пресрет бидејќи неговата желба беше тој да биде стандарден првотимец“, изјави Михаел Цорк, спортскиот директор на Дортмунд.
„Времето што го минав тука никогаш нема да го заборавам и секогаш ќе го паметам“, им порача Бариос на навивачите.