Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2013

Нова италијанска афера со местење натпревари, Бари во епицентарот

Во италијанскиот фудбал, очигледно, се појави нов случај околу местењето натпревари, а сега во средиштето на истрагата е фудбалскиот второлигаш Бари.

Во минатата сезона дури осум второлигаши стартуваа со минус бодови, а најмногу беше казнет Бари со одземени седум бодови. Клубот од југот на Италија сезоната ја заврши на десеттото место, а многу е веројатно дека овој клуб и идната сезона ќе ја почне казнет, со минус бодови.
На сослушување во просториите на Италијанскиот сојуз се повикани 33 лица, меѓу кои и челниците на Бари, како и некои негови сегашни и поранешни фудбалери. Под лупа се два поранешни натпревари во кои учествувал Бари во Серија Б: оној против Тревизо во мај 2008 година и средбата против Салернитана една година подоцна.
Прашање е како ќе заврши овој случај, а треба да се каже дека италијанските власти во последните две години уапсија повеќе од педесет лица поради местење натпревари.

Најнови вести