Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2014

Монпелје го засилува нападот

Парагвајскиот напаѓач Лукас Бариос следната година ќе игра како позајмен фудбалер во Монпелје, соопшти францускиот клуб.

Минатата сезона напаѓачот беше член на Спартак Москва, каде одигра 16 натпревари и постигна два гола.
Најголемите успеси во кариерата ги имаше во дресот на Борусија Дортмунд каде освои две титули шампион на Германија и еден национален куп.
Во 2012 година играше за кинескиот Гванжу Евергранде со кого стана првак на Кина. Бариос има настапувано и за Коло Коло, Атлас, Тигре, Аргентинос јуниорс, Кобрелоа, Тиро Федерал и Темуко.
Дресот на парагвајската репрезентација Бариос го носел на 23 меча на кои постигна шест голови, а учествуваше и на Светското првенство 2010 година во Јужна Африка.
Во нападот на францускиот прволигаш друштво ќе му прави Рики ван Фолсвинкел, кој е исто така позајмен фудбалер од Норич.

Најнови вести