Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2015

Монпелје остана без тренер

Тренерот на фудбалерите на Монпелје, Ролан Курби, поднесе оставка од функцијата поради конфликт со сопственикот на клубот Луи Николен.

Односот меѓу Курби и Николен се влоши во последните седмици, а досегашниот тренер на Монпелје изјави дека е уморен од расправии.
Претходно оваа седмица Николен за локалните медиуми изјави дека е вознемирен од критиките на Курби, на сметка на лекарскиот тим на Монпелје.
Курби во два наврати беше шеф на стручниот штаб на Монпелје, првиот пат на клупата беше од 2007 до 2009 година, а потоа повторно во 2013 година.
Монпелје соопшти дека наследникот на Ролан Курби ќе биде познат во недела.
Монпелје во првенството во Франција го зазема 15-тото место на табелата со 22 бода, три повеќе од првата екипа која се наоѓа во зоната за испаѓање.

Најнови вести