Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2012

Удрил новинар и добил суспензија од Лигата

Одбранбениот фудбалер на францускиот прволигаш Монпелје, Сирил Женшам, е суспендиран на неодредено време затоа што минатата сабота удрил новинар на „Л’Екип“, одлучи француската фудбалска лига.

Дисциплинската комисија на лигата соопшти дека поради сериозноста на направениот прекршок Женшам се суспендира на неодреден период, а унијата на спортски новинари на Франција е задоволна со оваа одлука.
Неколку фудбалери, вклучувајќи го и Женшам, по натпреварот со Валенсиен, кој заврши нерешено, вербално се пресметале со новинарот Жосе Барос, поради напис кој бил објавен претходно, а Женшам во еден момент го удрил Барос во лице.
Ова е втора дисциплинска постапка против член на Монпелје, откако тренерот Рене Жирар порано беше дисциплиниран поради навредлив гест со раката упатен кон тренерот на Шалке, Хуб Стевенс, на натпревар од Лигата на шампионите.

Најнови вести