Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2013

Курбис повторно на клупата на Монпелје

Ролан Курбис е новиот тренер на Монпелје на местото на Жан Фернандес кој во четвртокот поднесе оставка по лошите резултати на клубот.

Монпелје беше поразен во последните две кола, а на последните пет натпревари освои само три бода и се најде на близу до зоната за испаѓање.
Курбис потпишал дваиполгодишен договор и по втор пат ќе биде на клупата на Монпелје по 2009 година кога му помогна на клубот да се врати во првата лига. Тогаш го напушти Монпелје поради несогласување со претседателот на клубот.
Тренерската историја на Курбис е обележена со контроверзии. Поранешниот тренер на Олимпик од Марсеј во 2007 година беше осуден на две години затвор поради вмешаност во финансиски малверзации при продажба на фудбалери.
Тој и претходно неколку пати имал проблеми со францускиот правосуден систем, вклучувајќи учество и во завера за ограбување на казина на Азурниот брег. Во 1996 година врз него е извршен атентат кога заминувал од стадионот по натпреварот во Тулон. Бил ранет во грбот и морал да биде опериран.
Монпелје во 17-то коло на Лига 1 му гостува на Тулуз, кој е две кола без пораз.

Најнови вести