Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2015

Вардар убедлив во Монпелје на стартот на Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар триумфираа на почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите совладувајќи го Монпелје.

Натпреварот кој се играше во Франција на стартот не се одвиваше според посакувањата на нашиот шампион. Иако македонските ракометари го постигнаа првиот погодок на средбата, домаќините направија серија од 4-0 и го презедоа водството задржувајќи го до крајот на првиот дел (12-9).
Во второто полувреме Вардар ја презеде иницијативата и на средината на полувремето поведе со 20-15. Потоа следуваше нов пад, кој француските ракометари го искористија и ја намалија разликата на 20-19. Најпрецизен на средбата беше Деревен, а во клучните моменти добро одигра и Штербик, па на крајот Вардар се радуваше на победата од 30-25.
Дибиров и Македа постигнаа по шест погодоци, пет даде Тоскиќ, додека Русинот постигна четири гола.
Во рамките на второто коло на Лигата на шампионите, Вардар следниот викенд го игра првиот натпревар на домашен терен, во арената „Јане Сандански“ ќе гостува екипата на Пик Сегед.
Ракометарите на Металург во првиот натпревар од ракометната Лига на шампиони беа поразени со 30-24 на гостувањето кај Мотор Запорожје.
Македонскиот претставник се прикажа во бледо издание и во ниту еден момент не успеа да ја загрози предноста на противникот, кој имаше водство во текот на целиот натпревар.

Најнови вести