Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2012

Монпелје остана без двата голмани, во Лион ќе брани дебитант

Францускиот шампион Монпелје се најде во големи проблеми пред гостувањето кај лидерот во францускиот шампионат Лион откако поради повредите на првите два голмани на „Жерлан“ ќе брани дебитант.

Жефри Журдрен има проблеми со ребрата и ќе паузира уште десетина дена, а вчера на тренинг се повреди и Лорен Пионие кој бранеше на последните два натпревари, по што на тренерот Рене Жирар на располагање му останаа само младите и неискусни Жонатан Лигали (20 години) и Батиста Валет (20 години).
Ниту еден од двајцата млади голмани досега не настапил на ниеден натпревар во француското првенство, па Жирар нема лесен избор, особено што Монпелје гостува кај најефикасната екипа во досегашниот тек на првенството.

Најнови вести