Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2013

Тренерот кој му ја донесе на Монпелје историската титула мора да си замине

На Рене Жирар, тренерот на актуелниот француски шампион Монпелје, на крајот на сезоната нема да му биде понуден нов договор, потврди претседателот на клубот, Луи Николен.

Педесет и осумгодишниот Жирар минатата сезона сензационално го одведе Монпелје до првата титула на францускиот шампионат во историјата. Но, ниту фактот дека со екипа без ѕвезди дојде до трофејот не му помогна да го задржи работното место. Во оваа сезона Монпелје моментно се наоѓа на шестото место, од што не е задоволен ексцентричниот претседател Николен.
„Севкупно среќен сум со работата што ја изврши и во еден момент размислував да му понудиме едногодишно продолжение. Но никој нема да ми одредува што ќе работам. Јас давам пари и јас одлучувам! А одлучив дека ќе ја прекинеме соработката“, изјави сопственикот и претседател на клубот.

Најнови вести