Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2013

Анжи го доведе на заем Спахиќ

Шпанскиот прволигаш Севилја соопшти дека одбранбениот играч Емир Спахиќ до крајот на сезоната ќе игра на заем во рускиот Анжи.

Според договорот на двата клуба, тимот од Махачкала налето ќе има право на првенство при евентуален откуп на договорот на Спахиќ.
Спахиќ во Севилја дојде во 2011 година од Монпелје, а за шпанскиот клуб одигра 44 првенствени натпревари и постигна еден гол.
Тој веќе има играно во Русија, бидејќи од 2004 до 2009 година беше член на Шиник од Јарослав и на Торпедо и Локомотив од Москва.
Спахиќ за селекцијата на Босна и Херцеговина досега одигра 61 натпревар и постигна три погодоци.
Неговата нова екипа, Анжи, моментно се наоѓа на второто место на табелата на руската Премиер лига, со два бода помалку од ЦСКА Москва.

Најнови вести