15.7.2014 Њукасл потпиша со Кабела
Англискиот премиерлигаш ангажираше ново засилување од Франција, дваесет и четиригодишниот офанзивен играч Реми Кабела.
Кабела потпиша шестгодишен договор со клубот од „Сент Џејмс парк“, а Њукасл за него на Монпелје му платил 12 милиони фунти.
„Убаво е чувството да се стане играч на Њукасл. Ова навистина го сакав, а за Њукасл сум слушал само убави работи“, изјави Кабела по потпишувањето на договорот.
Кабела е Французин со италијанско потекло роден на Корзика и е четврто засилување за Њукасл ова лето по Сием де Јонг, Џек Колбек и Ајос Перес.
Тој е деветти француски фудбалер во екипата на Њукасл, но се очекува заминување на Матје Дебиши во Арсенал наредните денови.
Кабела мината сезона на 37 натпревари во француската прва лига постигна 14 голови и беше дел од француската репрезентација на Светското првенство во Бразил, но не доби шанса да игра.