Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2017

Брајтон прв пат во Премиер лигата

Фудбалерите на Брајтон и Хоув албион изборија директен пласман во Премиер лигата на три кола пред крајот на Шампионат лигата.

Брајтон вчера го совлада Виган со 2-1, а благодарение на ремито меѓу Дерби и Хадерсфилд таун, стекна недостижна предност пред најблиските ривали од зоната на плејофот.
Екипата на Крис Хјутон со серијата од пет победи, стигна до првиот пласман во Премиер лигата од основањето на натпреварувањето и се врати во највисокиот ранг на англискиот фудбал по 34 години.
Брајтон е лидер на Шампионат лигата со 92 бода, седум пред Њукасл, кој во три кола по ред е без победа и ја искомплицира неговата речиси сигурна промоција.
Фулам ја надигра Астон вила со 3-1 и со третата победа во низа, се врати на позицијата која води во баражот за елитата.
Фулам е изедначен со Лидс, кој сега е прв под линијата, по поразот од Вулверхемптон. Во следното коло Њукасл го дочекува Престон, додека Фулам гостува кај директниот конкурент во борбата за баражот, Хадерсфилд, кој му се заканува на Њукасл на втората позиција.

Најнови вести