Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2018

Пеп: Казнете ме, со жолтата лента до крај

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека е подготвен да ја прифати казната поради тоа што носеше жолта лента во финалниот натпревар од Лига купот на Англија против Арсенал.

„Граѓаните“ со победата од 3-0 го освоија трофејот под водство на шпанскиот тренер, кој на симболичен начин повторно ја поддржа борбата за независност на Каталонија.
„Прифаќам дека ги прекршив правилата, ја прифаќам казната, но јас сум личност, а не само тренер“, изјави Гвардиола.
„Во затвор се четири лица, останатите беа принудени да побегнат. Тие немаат оружје, само гласачки ливчиња. Жолтата лента ќе остане со мене до крајот, до последно. Тоа е мојата позиција“, додаде тренерот на „граѓаните“.
Фудбалскиот сојуз на Англија во петокот покрена обвинение против Гвардиола поради тоа што носеше жолта лента на натпреварот од ФА купот против Виган.
Шпанецот до вечер има право да одговори на обвинението.

Најнови вести