Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2016

Шелви суспендиран на пет натпревари поради расизам

Џонџо Шелви, играчот за врска на Њукасл, е суспендиран на пет натпревари и казнет со 100.000 фунти откако беше одлучено дека е виновен за расистички испад кон противничкиот играч.

Фудбалскиот сојуз на Англија покрена постапка против Шелви во ноември поради инцидентот во кој беше вклучен и Ромен Саис, мароканскиот играч на Вулверхемптон.
„Играчот на Њукасл е казнет поради искажаните навреди кон противничкиот играч во 87-мата минута од натпреварот меѓу Њукасл и Вулверхемптон на 17-ти септември 2016 година“, стои во дел од соопштението на Фудбалскиот сојуз на Англија.
Шелви покрај суспензијата и паричната казна, одредена му е и обврска да оди на курс кој го организира Сојузот, а кој би требало да му помогне да го коригира своето однесување во иднина.
Шелви има седум дена да поднесе жалба на казната, но секако ќе ги пропушти натпреварите кои Њукасл ги игра со: Шефилд вензди, Нотингам форес, Блекбурн и Брентфорд, како и натпреварот од ФА купот со Бирмингам.

 

Најнови вести