01.6.2017 Санту на клупата на Вулверхемптон
Нуну Ешпириту Санту, неодамнешниот тренер на Порто, е новиот шеф на стручниот штаб на Вулверхемтон, потпиша тригодишен договор.
Ешпириту Санту го презеде Вулверхемптон од Пол Ламберт, кој во вторникот го напушти стадионот „Молињу“.
Овој 43-годишен Португалец е седми тренер на Вулверхемтон од февруари 2012 година, а четврти во последните десет месеци откако кинеската компанија „Фосун“ го презеде овој второлигаш.
Џеф Шај, директорот на „волците“, изјави дека Нуну го познава две години, како и дека низ разговорите бил импресиониран од неговата тактика.
Помошници на Нуну ќе бидат Руи Педро Силва, тренерот на голманот Руи Барбоса, и кондицискиот тренер Антонио Дијас.
Вулверхемптон претходната сезона ја заврши на 15-тото место во Шампионат лигата.