Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2012

Заврши сезоната за Фримпонг

Во петтиот настап за Вулверхемптон, во кој дојде на заем од Арсенал на почетокот на јануари, 20-годишниот играч за врска Емануел Фримпонг ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и го чека околу шест месеци пауза.

Фримпонг веднаш е вратен во матичниот клуб Арсенал, кој ќе води грижа за неговото закрепнување. Во следните неколку дена ќе му биде извршен оперативен зафат, по што го чека долга рехабилитација.
Младиот англиски фудбалски репрезентативец со потекло од Гана веќе помина низ истите маки во 2010 година кога ги скина лигаментите на левото колено.

Најнови вести