Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2012

Заврши сезоната за Ричардсон

Киран Ричардсон ќе го пропушти остатокот од сезоната откако му беше дијагностицирана хернија.

Левиот крилен напаѓач е вториот играч кој нема да ја доигра сезоната, откако пред една седмица поради повреда Себастијан Ларсон замина на операција.
Ричардсон беше дел од тимот кој одигра без голови против Вулверхемптон, но овој викенд ќе мора да замине на операција.
„Повредата на Киран дојде многу изненадувачки, неочекувано. Се пожали на болки во стомакот, му беше дијагностицирана хернија и ќе мора да замине на операција. И него го загубивме до крајот на сезоната“, изјави стратегот Мартин О’Нил.
Дваесет и седумгодишниот фудбалер оваа сезона настапи на триесет и четири натпревари за Сандерленд, постигна три погодоци, а е само на два меча од 150 настапи за клубот во сите конкуренции.

Најнови вести