Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2016

Мојс остана без првиот голман

Џордан Пикфорд, еден од најдобрите играчи на Сандерленд, го чека долга пауза.

„Скај спортс“ пренесува дека Џордан Пикфорд, голманот на „црните мачки“, се здобил со тешка повреда на коленото, поради која ќе отсуствува од теренот два месеца.
Тој е деветти играч на Сандерленд кој е надвор од редовите овој месец.
Освен на него, Дејвид Мојс не може да смета ниту на: Кирхоф, Пиенар, Манкилјо, Гух, Родвел, Катермол, Мекнер и Ватмор.
Сандерленд последниот натпревар во 2016 година го игра против Барнсли во гости, а местото на Пикфорд меѓу стативите ќе го заземе Вито Маноне или Португалецот Мика.

Најнови вести