Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2017

Мојс го презема Вест хем до крајот на сезоната

Шкотскиот тренер Дејвид Мојс денес ќе биде претставен како нов менаџер на Вест хем, најавува „Скај спортс“.

Мојс ќе го замени отпуштениот Славен Билиќ, а со „чеканите“ ќе потпише договор до крајот на тековната сезона.
Билиќ доби отказ по поразот од Ливерпул со 4-1 минатиот викенд, откако повеќе седмици се шпекулираше дека ќе си замине поради лошите настапи на Вест хем.
Лондонскиот клуб и покрај тоа што вложи 45 милиони евра во нови играчи летоска, се наоѓа дури на 18-тото место на табелата во Премиер лигата само со девет освоени бодови од 11 натпревари.
Мојс се враќа во Премиер лигата по половина година, поточно по елиминацијата на Сандерленд од елитното натпреварување минатата сезона.
Во текот на кариерата ги водеше уште Евертон и Манчестер јунајтед во Премиер лигата и Реал Сосиедад во Шпанија. На клупата на Вест хем ќе дебитира на 19-ти ноември, на локалното дерби во Ватфорд.

 

Најнови вести