Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2017

„Топчиите“ без Ремзи и Мустафи против „чеканите“

Арсен Венгер, тренерот на Арсенал, изјави дека нема да може да смета на Арон Ремзи и Шкодран Мустафи во натпреварот против Вест хем, во којшто, како што изјави, противникот ќе биде значително посвеж.

Ремзи се повреди во натпреварот против Саутхемптон.
„Мустафи не е во составот. Тој не тренира. Медицинскиот персонал вели дека не е подготвен. Дали ќе биде за Њукасл? Можеби“, изјави Венгер.
„Го изгубивме и Ремзи. Сите останати, освен оние коишто подолго се повредени, ќе бидат подготвени. Нашиот ривал имаше 24 часа повеќе од нас за да се одмори. Тоа им е голема предност. Ќе видиме“, додаде менаџерот на Арсенал.
Новинарите повторно го прашаа францускиот стручњак за иднината на Месут Озил во Лондон.
„Преговорите секогаш се во тек со сите. Нашите врати секогаш се отворени. За останатото не можам ништо да кажам“, додаде Венгер.
На констатацијата дека Оливие Жиру не беше стартер во ниту еден натпревар од Премиер лигата, Венгер изјави:
„Тој не е замена. Тој е многу добар играч. Едноставно имам многу напаѓачи и не можам сите да ги испратам на теренот. Жиру не го губи времето во Арсенал.“
Дуелот меѓу Вест хем и Арсенал на програмата е утре, од 21 часот.

Најнови вести