30.1.2017 Ван Анхолт од Сандерленд во Кристал палас
Холандскиот дефанзивен играч Патрик ван Анхолт го напушти Сандерленд и го засили Кристал палас.
Левиот бек ги напушти „црните мачки“ по три сезони, а со „орлите“ потпиша договор на четири и пол години.
Кристал палас не објави колкава е вредноста на трансферот, но британските медиуми наведуваат дека 26-годишниот Холанѓанец стигнал за сума од 14 милиони фунти.
Патрик ван Анхолт потекнува од младите категории на Челзи, а подоцна како сениор на „сините“, играше на заем во: Ковентри, Њукасл, Лестер, Виган и Витесе.
Тој во Палас доаѓа на инсистирање на Сем Алардајс, моментно менаџерот на „орлите“,порано шеф на стручниот штаб на Сандерленд.