Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2017

Нов малер за Палас – Бентеке ќе биде надвор од тимот до декември

Закрепнувањето на Кристијан Бентеке, напаѓачот на Кристал палас, не тече како што е планирано, па белгискиот напаѓач ќе биде отсутен најмалку уште еден месец.

Бентеке повредата на коленото ја доживеа минатиот месец, во дуелот со Манчестер сити. Тогаш се предвидуваше дека му следува пауза од шест седмици и дека до крајот на октомври ќе се врати на теренот. Но, според последните информации, тој ќе биде отсутен многу подолго.
„Кристијан најмалку уште пет седмици ќе биде надвор од теренот, сè уште закрепнува“, изјави Рој Хоџсон, менаџерот на „орлите“.
Кристал палас, кој по девет одиграни кола, се наоѓа на последното место во Премиер лигата со три освоени бода, викендов го дочекува Вест хем.

Најнови вести