Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2017

Де Бур блиску до Кристал палас

Нов менаџер на лондонскиот премиерлигаш Кристал палас би требало да стане Холанѓанецот Франк де Бур.

Де Бур е без ангажман од ноември минатата година, кога доби отказ во Интер од Милано само по три месеци, а претходно шест сезони го водеше Ајакс.
„Знам дека преговараат и дека детали ги делат од договорот, јас не гледам проблем за да се случи тоа, но не сум јас тој што треба да каже дека работата е завршена. Ова е најголемата лига на светот, сите ја гледаат Премиер лигата. Ако добиеш шанса, можеш да постигнеш големи работи бидејќи има многу пари за купување играчи. Ние сме одгледани според филозофијата на Ајакс и на Барселона, можете да очекувате сличен стил на игра, поседување на топката, креативен фудбал и, секако, забава“, изјави Роналд де Бур, братот на Франк.
Палас е без менаџер од крајот на сезоната во Премиер лигата, по шокантната оставка на Сем Алардајс, кој успеа да го сочува тимот од „Селхурст парк“ во Премиер лигата.
Во случај на именување, Де Бур ќе биде трет менаџер на Палас во последната година.

Најнови вести