Корисничко име Лозинка Пријави се
02.10.2017

Сигурна победа на Барселона во необична атмосфера

Фудбалерите на Барселона без поголеми проблеми го совладаа Лас Палмас со 3-0, во необична атмосфера во седмото коло на Ла Лига.

Барселона до седмата последователна победа стигна пред празните трибини на „Камп ноу“, чии порти беа затворени за навивачите поради нередите во Каталонија на денот на референдумот за независност.
По нервозната игра во првото полувреме, во кое домашните играчи добија дури четири жолти картони (Паулињо, Пике, Бускетс, Алба), проблемите ги реши голот на Бускетс по додавањето на Меси во 49-тата минута.
Ривалот го среди токму Аргентинецот, со двата гола во рок од седум минути на средината на вториот период, за нов триумф на Барселона.
Барселона е суверен лидер на Ла Лига со максимален учинок од седум кола, има пет бода повеќе од второпласираната Севилја.
Лас Палмас со третиот последователен пораз е на делба од 16-тата до 18-тата позиција со Хирона и Еибар со по шест бодови.
Во следното коло Барселона ја очекува најтешкиот испит досега, ќе игра кај Атлетико на „Ванда Метрополитано“, додека на Канарските Острови ќе гостува Селта.

Најнови вести