Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2017

Де Бур доби отказ на клупата на Кристал палас

Франк де Бур, менаџерот на Кристал палас, доби отказ само по 77 дена на клупата на „орлите“, потврди клубот од „Селхурст парк“.

„Му се заблагодаруваме на Де Бур за посветената работа додека беше наш тренер, му посакуваме многу среќа во продолжението на кариерата. Новиот менаџер ќе биде познат наскоро“, се наведува во официјалното соопштение на Кристал палас.
Медиумите во Англија веќе предлагаат имиња на потенцијални замени, а како најголем фаворит за клупата на Палас е Рој Хоџсон, поранешниот селектор на Англија.
Де Бур шанса во Палас доби по неславните епизоди во Интер, во кого помина само 85 дена. Екипата на Кристал палас во првите четири кола на Премиер лигата имаше исто толку порази, а „орлите“ на тие натпревари не успеаја да постигнат гол.
Капката која ја прели чашата беше вчерашниот пораз од Барнли на „Тарф Мур“ со 1-0.

Најнови вести