Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2017

Сандерленд го отпушти менаџерот по четири месеци

Сандерленд, кој сезонава игра во англискиот Шампионат, остана без менаџерот Симон Грејсон, кој го напушти клубот само по четири месеци откако дојде.

Грејсон стана менаџер на „црните мачки“ на крајот на јуни, кога го наследи претходниот шеф на стручниот штаб Дејвид Мојс по испаѓањето од Премиер лигата. Оттогаш Сандерленд во Шампионат лигата оствари само една победа, седум ремија и седум порази, што е доволно само за 22-рото место на табелата.
Сандерленд викендов во последното коло во Шампионат лигата одигра 3-3 против Болтон на негов терен, по што во управата на „црните мачки“ одлучиле да се разделат со менаџерот.
Засега не се знае кој ќе го наследи Грејсон на клупата на екипата од „Стадионот на светлината“.

Најнови вести