30.1.2017 Сандерленд ќе доведе тандем од Евертон
Фудбалерите на Евертон Дарон Гибсон и Брајан Овиедо наскоро ќе станат членови на Сандерленд.
„Скај спорт“ пишува дека фудбалерите денес ќе ги направат лекарските прегледи и доколку сè биде во ред, ќе потпишат за новиот клуб.
Гибсон и Овиедо не се во плановите на Роналд Куман, тренерот на Евертон, а тоа го искористи Дејвид Мојс за да ги доведе овие двајца играчи, со коишто има соработувано, во Сандерленд.
Пред Сандерленд е тешка борба за опстанок во Лигата, со оглед на тоа дека е последнопласирана екипа само со 15 освоени бодови.