Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2016

Пиенар потпиша за Сандерленд

Стивен Пиенар, поранешниот репрезентативец на Јужна Африка, е петто засилување на Дејвид Мојс, по Папи Џилобоџи, Аднан Јанузај, Педи Мекнаир и Доналд Лав.

Тој потпиша договор на една година и во тимот би требало да биде за денешниот натпревар со Мидлсборо.
За екипата на Евертон одигра 96 натпревари и постигна 12 голови. Во Премиер лигата настапуваше на 109 натпревари и постигна 20 голови.
Покрај за Евертон, каде што исто така менаџер му беше Мојс, настапуваше и за: Ајакс Кејптаун, Ајакс, Борусија Дортмунд и Тотенхем.

Најнови вести