Корисничко име Лозинка Пријави се
25.3.2016

Џонсон осуден на шест години затвор

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Адам Џонсон е осуден на шест години затвор поради сексуални активности со 15-годишно девојче.

Судот во Бретфорд го прогласи Џонсон за виновен поради блиските односи со малолетно девојче кое според зборовите на судијата „претрпела тешки психички повреди“, пренесува „Би- Би- Си“.
Џонсон призна дека го заведувал девојчето, но дека немал сексуални односи со неа и најави жалба на казната.
Како што е кажано за време на пресудата, Џонсон ја злоупотребила довербата на младата обожавателка и љубовта кон Сандерленд, во кој играше Џонсон.
Поради скандалот минатиот месец тој доби отказ од Сандерленд, а претходно играше за Њукасл, Мидлсбро, Лидс, Ватфорд и Манчестер сити. За репрезентацијата на Англија настапи на 12 натпревари и постигна два гола.

Најнови вести