Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2012

Нови проблеми за Вулверхемптон

Вулверхемптон остана без играчот за врска Џејми О’Хара и одбранбениот играч Џоди Крадок.

Двајцата би можеле да паузираат до крајот на сезоната, што дополнително ќе му ја отежни задачата на тренерот Тери Конор да ја сочува екипата во Премиер лигата. А и вака не му е одеше како што треба, со оглед на тоа дека „волците“ се во серија од пет порази по ред, а на последните седум натпревари освоија само еден бод.
На О’Хара му беше извршена операција на препоните, која го оддалечи од натпреварите последните три седмици, а и Крадок ќе мора да оди под нож за да го реши долготрајниот проблем со задниот дел на бутниот мускул.
Според последните информации, играчот за врска би требало да паузира меѓу шест и осум седмици, а Крадок најмалку пет.
„Двете операции поминаа според планираното и во најдобар можен ред, но жалиме што ниту една не успеавме да ја избегнеме“, рече шефот на медицинскиот тим на Вулверхемптон, Стив Кемп.
Екипата на седум кола до крајот е закована на дното на табелата, дури со шест бодови заостанување зад Квинс парк, кој се наоѓа веднаш над зоната за испаѓање.

Најнови вести