Корисничко име Лозинка Пријави се
06.1.2015

Зарате позајмен во Квинс парк ренџерс

Аргентинскиот напаѓач Мауро Зарате до крајот на сезоната ќе игра за Квинс парк ренџерс како играч на заем од Вест хем.

Откако стигна во редовите на „чеканите“ од Велес Сарсфилд, Зарате не успеа да се докаже, но сега ќе има шанса да го поправи впечатокот во редовите на другиот лондонски тим.
Тој постигна два гола на седум натпревари во Премиер лигата, но покрај силната конкуренција во тимот, не успеа да избор место во стартната постава.
Хари Реднап, менаџерот на Квинс парк ренџерс, изрази задоволство од доведувањето на Аргентинецот, но изјави дека клубот во јануари ќе се обиде да донесе уште еден напаѓач.


Најнови вести