Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2014

Лерој Фер потпиша за Квинс парк ренџерс

Лерој Фер, холандскиот репрезентативец и неодамнешен фудбалер на Норвич, кариерата ќе ја продолжи во Квинс парк ренџерс.

Фер потпиша договор на три години. Деталите на трансферот не се познати, а 24-годишниот Холанѓанец ќе го носи дресот со бројот десет.
Со тоа Квинс парк го доведе петтото засилување оваа сезона. Пред Фер, во клубот дојдоа Рио Фердинанд, Стивен Колкер, Маурисио Исла и Џордон Муч.
„Едвај чекам да почнам да играм. Мојот сон е да играм во Англија, во Премеир лигата. Квинс парк одлично играше минатата сезона, а клубот е полн со одлични играчи. Воодушевен сум што сум овде“, изјави Фер.
Фер во кариерата настапуваше за холандските клубови Феенорд и Твенте, а минатата сезона беше член на Норвич.
Националниот дрес на Холандија го облече седум пати, а еднаш беше стрелец, и тоа на Светското првенство во Бразил.

Најнови вести