Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2014

Рио Фердинанд на лето оди во пензија

Поранешниот капитен на англиската репрезентација и одбранбен фудбалер на Квинс парк ренџерс, Рио Фердинанд, најави дека на крајот на сезоната ќе ја заврши професионалната кариера.

Триесет и петгодишниот Фердинанд за британските медиуми изјави дека оваа сезона во КПР веројатно ќе му биде последна во кариерата.
„Размислувам за крајот. Не се плашам од заминувањето во пензија. Не жалам поради крајот на кариерата, напротив, едвај го чекам тој ден“, изјави Фердинанд.
Фердинанд кариерата ја почна во Вест хем пред да прејде во Лидс, од каде за тогаш рекордни 34 милиони фунти стана фудбалер на Манчестер јунајтед и со години беше лидер на одбраната на повеќекратниот шампион на Англија.
Фердинанд, кој за Англија одигра 81 натпревар, е член на Комисијата за развој и подобрување на англискиот фудбал, која е формирана од претседателот на ФА, Грег Дајк.

Најнови вести