Корисничко име Лозинка Пријави се
29.12.2014

Жиру суспендиран на три натпревари

Оливие Жиру, напаѓачот на Арсенал, е суспендиран на три натпревари, откако во петокот беше исклучен од натпреварот со Квинс парк ренџерс поради тоа што го удри со глава Недум Онуоха.

Жиру поради тоа го пропушти вчерашниот натпревар со Вест хем, а нема да игра и на натпреварот со Саутхемптон на први јануари и на средбата од ФА купот со Хал.
Арсенал во петокот поради исклучувањето на Жиру, едвај го победи Квинс парк ренџерс (2-1).
Жиру по прекршокот на Онуоха над него, грубо возврати со удар со главата и судијата му покажа директен црвен картон.

Најнови вести