Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2014

Асу-Екото суспендиран на три натпревари

Фудбалската федерација на Англија го суспендираше одбранбениот фудбалер на Тотенхем, Беноа Асу-Екото, кој е на позајмица во Квинс парк ренџерс, на три натпревари.

Причината за суспензијата е тоа што на „твитер“ го поддржал Николас Ањелка кој во февруари беше суспендиран поради навредливиот гест „кенел“.
Покрај тоа Асу-Екото ќе мора да плати казна од 50.000 фунти и да оди на курс на „задолжително образование“.
Камерунскиот фудбалер поради казната ќе ги пропушти натпреварите против Вест Бромич, Арсенал и Саутхемптон.
Фудбалерот има право на жалба на одлуката на ФА.

Најнови вести