Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2015

Реднап ја напушти клупата на Квинс парк ренџерс

Хари Реднап, менаџерот на Квинс парк ренџерс, поднесе оставка поради претстојната операција на коленото.

Реднап во Квинс парк ренџерс дојде во 2012 година, а претходно ги тренираше: Вест хем, Портсмут, Саутхемптон и Тотенхем.
„Поминав фантастично време во Квинс парк ренџерс. За жал, мора да одам на итна операција на коленото, која ќе ме спречи да работам во наредните седмици. Тоа значи дека нема да можам да работам секој ден, а ако не се чувствувам добро сто отсто, подобро некој друг да ја преземе работата“, изјави Реднап.
Квинс парк ренџерс се наоѓа на последното место на табелата на Премиер лигата и има само 19 бодови.

Најнови вести