Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2014

Квинс парк ренџерс во проблеми поради финансискиот фер плеј

Англискиот премиерлигаш Квинс парк ренџерс може да биде деградиран во петтиот ранг на англискиот фудбал поради непочитување на финансискиот фер плеј на УЕФА.

„Полицајците“ оваа огромна казна можат да ја избегнат ако платат 40 милиони фунти.
Квинс парк ренџерс имаше загуба од околу 60 милиони фунти по елиминацијата од Премиер лигата во мај 2013 година, а се очекува дека износот ќе биде сличен и за тековната сезона која ја поминаа во Шампионат лигата, поради платата на играчите кои ги донесе за претходната сезона во Премиер лигата.
Според правилникот за финансиски фер плеј, клубот не смее да потроши повеќе пари отколку што ќе заработи низ натпреварувањата, ТВ-правата и продажбата на играчи.
Парите кои Квинс парк ренџерс треба да ѝ ги плати на Лигата би ги поделиле останатите клубови коишто не го прекршиле правилото, што најмногу му смета на сопственикот на клубот, Тони Фернандез.
„Секако дека ќе се бориме. Борба е моето средно име. Разликата меѓу платите во Премиер лигата и Шампионат лигата е преголема, тоа не може да се среди за едно лето“, изјави првиот човек на Квинс парк ренџерс.
Да останеше Квинс парк ренџерс во Шампионат лигата, би бил казнет само со забрана на трансфери, вака му се заканува катастрофа.

Најнови вести