Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2014

Реми замена за Торес на „Стемфорд бриџ“

Лоик Реми, досегашниот фудбалер на Квинс парк ренџерс, потпиша четиригодишен договор со Челзи.

Челзи го доведе Реми како замена за напаѓачот Фернандо Торес, кој отиде на двегодишен заем во Милан. Клубот од Лондон платил 10,5 милиони оштета.
„Среќен сум и горд. Кога слушнав дека Челзи сака да ме доведе, веднаш се согласив, затоа што тој е еден од најдобрите клубови на светот. Се сеќавам на одличната атмосфера на ’Стемфорд бриџ’ кога играв за Марсеј и едвај чекам да заиграм таму, пред моите нови навивачи“, изјави Реми за интернет-страницата на Чезли.
Реми кариерата ја почна во Лион, играше за Ленс, Ница и Марсеј, од каде што во јануари минатата година направи трансфер во Квинс парк ренџерс. Тој во август отиде на заем во Њукасл.
За репрезентацијата на Франција досега одигра 24 натпревари и постигна пет голови.
Пред неколку седмици Реми беше пред трансфер во Ливерпул, но не дојде до договор откако Французинот не ги мина лекарските прегледи, па „црвените“ се одлучија за Марио Балотели.


Најнови вести