Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2015

Крис Ремзи е новиот менаџер на КПР

Само пред два дена, Тони Фернандес, сопственикот на Квинс парк ренџерс, изјави дека медиумите изнесуваат погрешни информации околу тоа кој ќе го наследи Реднап и дека тој има тренер од соништата.

Вчера беше официјално потврдено дека за вршител на должноста менаџер е именуван Крис Ремзи и дека на таа функција ќе остане до крајот на сезоната.
Не е јасно дали Ремзи е неговиот тренер од соништата или тоа се однесува на некој кој ќе дојде следната сезона, но јасно е дека новиот менаџер го очекува тешка работа бидејќи Квинс парк ренџерс по 25 одиграни кола, се наоѓа на последното место на табелата.
Ремзи со Кевин Бонд привремено ја водеше екипата во вторникот, на натпреварот против Сандерленд, во којшто Квинс парк ренџерс дојде до прва победа по четирите порази.
Ремзи на клупата на КПР доаѓа на местото на Хари Реднап, кој пред десет дена даде отказ поради здравствени проблеми. Реднап по заминувањето од „Лофтус роуд“ изјави дека најдобра замена за него би бил Тим Шервуд, некогашниот тренер на Тотенхем.

Најнови вести