Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2016

Ливерпул го доведе Колкер

Ливерпул до крајот на сезоната од Квинс парк ренџерс го позајми централниот бек Стивен Колкер,соопштено е на интернет страницата на клубот од „Енфилд роуд“.

Бидејќи на време е регистриран овој 24-годишен фудбалер за „црвените“ може да дебитира на утрешниот натпревар во дерби натпреварот во 21-то коло против Арсенал.
Во првиот дел од сезоната Колкер беше во Саутхемптон како позајмен играч и таму одигра осум натпревари.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, поради повреда во моментов не може да смета на тројцата дефанзивни играчи Мамаду Сако, Дејан Ловрен, Мартин Шкртел.
Клубот од „Енфилд роуд“ минатата седмица го потпиша и договорот со играчот од средниот ред Марко Грујиќ, кој до крајот на сезоната ќе остане во Црвена звезда.

Најнови вести