Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2015

Џими Флојд Хаселбенк на клупата на КПР

Поранешниот холандски репрезентативец Џими Флојд Хаселбенк е именуван за нов менаџер на англискиот клуб од втората лига Квинс парк ренџерс.

Хаселбенк во тимот од Шампионатот доаѓа од Бартон, каде работеше изминатата година дена и направи најголем успех во историјата на клубот со пласманот во третиот ранг на натпреварувањето.
„Не ми беше лесно да го напуштам Бартон, но не се добива секој ден ваква шанса да се води клуб каков што е КПР. Ваква понуда не можев да одбијам“, изјави Хаселбенк за интернет страницата на лондонскиот клуб.
Хаселбенк во својата фудбалска кариера најдлабок белег остави во Челзи, за кој од 2000 до 2004 година одигра 222 натпревари и постигна 83 голови.
Играше и за АЗ Алкмар, Боависта, Лидс, Атлетико Мадрид, Мидлсборо, Кардиф и Чарлтон, а за националниот тим на Холандија има настапено 23 пати и има постигнато девет голови.

Најнови вести