15.7.2014 Рио Фердинанд сепак во Квинс парк ренџерс
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, утре ќе потпише договор со Квинс парк ренџерс, пренесоа англиските медиуми.
Фердинанд не ја прифатил првата понуда од новиот премиерлигаш, но се сложил на нов, ревидиран договор и сепак ќе дојде на „Лофтус роуд“.
На поранешниот централен одбранбен фудбалер на Англија и на Манчестер јунајтед договорот му истече на крајот на минатата сезона и откако не му беше понуден нов, го напушти „Олд Трафорд“ по 12 години.
Фердинанд со Манчестер јунајтед освои шест шампионски титули во Премиер лигата, еднаш Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, Фа купот, двапати го подигна пехарот во Лига купот и има пет трофеи во англискиот Супер куп.
За англиската репрезентација одигра 81 натпревар и постигна три гола.